Францускиот интернационалец Дајот Упамекано, дефанзивецот на Лајпциг, одлучил во летниот преоден рок да му пристапи на Баерн Минхен. Тој ќе остане во Бундес-лигата, но ќе ja замени „Ред Бул арена“ во Лајпциг со „Алијанц арена“ во Минхен.
Баерн Минхен ги договорил личните услови со Упамекано и ќе го направи еден од најплатените дефанзивци во светот, а Лајпциг ќе добие отштета од 42 милиони евра.
Дајот Упамекано е едедн од најбараните одбранбени фудбалери на трансфер-маркетот. Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се меѓу клубовите кои постојано притискаат за негов ангажман, а во трката се вклучи и Челси.
Французинот има договор со Лајпциг до јуни 2023 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













