Лајпциг ја оствари 13. победа во Бундес-лигата оваа сезона откако на домашен терен го совлада Аугсбург со 2-1. Тимот на Џулијан Нагелсман сега се доближи на четири бода негатива до лидерот Баерн Минхен, кој има и натпревар помалку.
Дани Олмо од пенал, и тоа дури од втор обид откако судијата го повтори изведувањето, донесе предност за Лајпциг во 38.минута. Кристофер Нкунку пет минути подоцна зголеми на 2-0.
Во вториот дел, беше досуден пенал и за Аугсбург, а го реализираше Даниел Калигури во 77.минута од дуелот. Сепак, бодовите му припаднаа на Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal