Connect with us

Компани после 16 победи по ред на Баерн: Никој не освојува трофеи во ноември

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, изрази големи пофалби за своите играчи по триумфот од 1-2 над актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен.

И покрај тоа што цело полувреме играа со човек помалку, германскиот клуб успеа да извлече победа и да освои драгоцени три поени, забележувајќи ја 16. последователна победа.

Сепак, Компани останува реален и приземен.

„Освоивме три поени, што е позитивно, но никој не освојува трофеи во ноември. Бевме свесни за нашите можности и знаевме дека можеме да го направиме тоа. Важно е да останеме смирени, но ова ни дава дополнителна самодоверба. Ги ротиравме играчите во саботата, и тимот одговори одлично. Мораше да се браниме со десет играчи, и повторно тимот покажа солидна реакција, што јасно потврдува дека сме способни да се прилагодиме и да постигнеме резултат“, изјави Компани по натпреварот со ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови