Connect with us

Реми и за Борусија Дортмунд и за Баер Леверкузен (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд успеа да спаси бод на домашен терен против Хофенхајм играјќи 2-2, а идентично одигра и Баер Леверкузен на домашен терен против Мајнц.

Сами Кедира дебитираше за Херта во ремито (1-1) на гости против Штутгарт. 

Ерлинг Халанд ја спаси Борусија Дортмунд од пораз против Хофенхајм со голот во 81.минута од мечот. Џејдон Санчо донесе предност во 24. минута, но Мунас Дабур и Ихлас Бебу се погрижија за пресврт. Сепак, Халанд не дозволи „милионерите“ да загубат.

Роберт – Неста Глацел во 89.минута го шокира Баер Леверкузен и се избори за реми за Мајнц на тешкото гостување. 

    
  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови