Наполи го совлада Јувентус со 1-0 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол и се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А со 40 бода, два помалку од „старата дама“. Стрелец на победничкиот гол беше капитенот Лоренцо Инсиње од пенал во 31.минута од мечот.
Џорџо Кјелини во воздушен дуел го удри Рахмани во лицето, а судијата Даниеле Довери по прегледување на ВАР снимката покажа на белата точка. Инсиње беше сигурен реализатор на пеналот.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во второто полувреме на дербито. Тој влезе во игра во 65.минута на местото на Пјотр Зиелински.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













