Во пресрет на дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона се зголемуваат тензиите, особено по изјавата на Ламин Јамал. Ел Класико ќе се одигра в недела од 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“.
Јамал е еден од клучните фудбалери на Барселона, неверојатен талент и веќе е еден од најдобрите играчи на светот на само 18 години, но изгледа дека понекогаш непотребно предизвикува внимание со работи надвор од теренот.
Ако ги оставиме настрана љубовните приказни од неговиот приватен живот, овојпат Јамал во еден подкаст изјави дека фудбалерите на Реал Мадрид „крадат“.
Изјавата на младата ѕвезда предизвика вистинска бура неколку дена пред Ел Класико. Според шпанската „Марка“, зборовите на играчот на Барса дополнително ги вжештија страстите и предизвикаа вознемиреност во соблекувалната на Реал Мадрид.
Фудбалерите на Реал ги примиле зборовите на Јамал со мешавина од замор и исцрпеност, сметајќи го за „ривал што не почитува“, чиј настап надвор од теренот веќе станува напорен.
Неговите коментари, дадени само два дена пред дербито, беа дочекани со неверување во мадридската соблекувална, особено ако се земе предвид контекстот на случајот „Негреира“, кој откри плаќања од Барселона кон потпретседателот на Судиската комисија на Ла Лига.
„Да, крадат, се жалат, ги прават сите тие работи“, беа зборовите на ѕвездата на Барселона за Реал.
Овие изјави, наместо да обесхрабрат, дополнително ја мотивирале соблекувалната на Реал Мадрид. Четирите порази од Барселона минатата сезона не се заборавени во Валдебебас, а ваквите провокации не ги изненадиле мадридските играчи.
Тие веруваат дека Јамал — и тоа не поради неговата младост — не ги почитува основните професионални кодекси меѓу играчите.
Ова не е првпат играчите на Реал да забележат вакво однесување кај младиот офанзивец. Неговите изјави биле тема и на последниот тренинг на „кралскиот клуб“.
Фудбалерите на Реал се решени по секоја цена да остварат победа — и нема сомнеж дека во случај на триумф, ќе го споменат токму провокативниот Јамал, директно или индиректно.
Јамал и претходно знаел да ги „боцне“ ривалите. По победата на Барселона во Купот на Кралот во април, изјави дека Реал „не може да издржи“ против Барса.
Кога му забележаа за тонот, Јамал возврати: „Додека победувам, не можат ништо да кажат. Кога ќе ме победат, тогаш тие можат да зборуваат.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













