Интер Мајами забележа победа од 3-1 против Нешвил во првиот натпревар од плејофот на МЛС лигата. Големата ѕвезда на домаќините, Лионел Меси, одигра феноменален натпревар и се истакна со два гола, при што едниот го постигна со глава.
Аргентинецот, кој неодамна го продолжи договорот до 2028 година, имаше удел и во акцијата за третиот гол на својот тим. За гостите од Нешвил стрелаше Хани Мухтар.
Пред почетокот на натпреварот, Меси ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната. 38-годишниот ас постигна 29 гола во 28 одиграни натпревари пред стартот на плејофот. Зад него со по 24 погодоци се најдоа Денис Буанга и Сем Сурџ.
Меси го отвори резултатот во 19. минута по центаршут на Луис Суарез и убав удар со глава. До полувремето немаше други голови, но во 62. минута акцијата започната од Меси заврши со прецизен удар на Тадео Аленде.
Во шестата минута од судиското продолжение, Жорди Алба центрираше, голманот на Нешвил, Џо Вилис, ја испушти топката, а Меси беше на вистинското место за да ја испрати во мрежата. Секунди пред крајот, Мухтар намали со мајсторски изведен слободен удар.
Следниот дуел меѓу двата тима е закажан за 2 ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













