Рафаел Бенитез е во Атина. Легендарниот шпански тренер пристигна заедно со својот стручен штаб за да ги финализира деталите со Панатинаикос, а официјалното претставување е закажано за сабота – само еден ден пред дуелот против Астерас Триполис во Суперлигата.
За 65-годишниот стратег ова е 17. тренерски ангажман во кариерата и прв по речиси две години пауза. Бенитез е без работа од март 2024, кога замина од Селта Виго, а сега се враќа со договор на две години и плата од 4 милиони евра по сезона – рекорд во грчкиот фудбал.
Извори блиски до клубот откриваат дека Бенитез го кажал своето „да“ по разговор со претседателот Јанис Алафузос во Лондон, а сега се очекува да ја врати големата слава на клубот од Атина.
Панатинаикос моментно е на седмото место во Суперлигата, со осум бода заостанување зад лидерот ПАОК, а навивачите со нетрпение го очекуваат својот нов тренер да го врати тимот на врвот, како во Грција, така и во Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













