Раководството на Барселона повторно се обидува да ја поништи суспензијата на својот тренер Ханси Флик, кој беше исклучен на натпреварот против Жирона (2-1) поради бурни реакции на судиските одлуки. Германскиот стратег доби два жолти картони и автоматски едномечна забрана за водење на тимот.
Првата жалба на клубот беше одбиена од Дисциплинската комисија на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), но Каталонците не се откажуваат. Сега тие ја поднесија жалбата до Апелациската комисија на РФЕФ, во обид да ја поништат санкцијата и да му овозможат на Флик да биде на клупата во големото Ел Класико против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
Доколку и овој обид не успее, Барселона ќе има уште една можност – поднесување на конечна жалба до Спортскиот административен суд. Во случај сите инстанци да ја потврдат казната, тимот во дербито ќе го предводи неговиот асистент Маркус Цорг.
Од РФЕФ порачаа дека секое повторно несоодветно однесување на тренерите ќе биде санкционирано уште построго, испраќајќи јасно предупредување до германскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













