
Пари Сен Жермен и се одмазди на Барселона за непријатната елиминација во последниот двомеч во Лигата на шампионите и славеше со убедливи 1-4 на почетокот на нокаут фазата во елитното европско натпреварување. Тимот на Маурисио Покетино е многу блиску до пласман во четвртфиналето на ЛШ.
Англискиот првак Ливерпул исто така направи огромен чекор напред кон пласманот во следната рунда. Победи со 0-2 против Лајпциг во Будимпешта.
Килијан Мбапе постигна хет – трик и беше незадржлив за одбраната на Барселона, а и Моисе Кин успеа да го совлада Тер Штеген. Лионел Меси ја доведе Барселона во водство од пенал во 27.минута, но потоа следеше убиствената серија на „светците“.
Ливерпул оствари триумф од 0-2 против Лајпциг. Мохамед Салах го отвори резултатот во 53.минута, а пет минути подоцна погоди и Садио Мане.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
