
Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток од 20:45 часот ќе игра уште еден важен квалификациски натпревар за Светското првенство, а противник ќе биде селекцијата на Казахстан. Победа е апсолутно неопходна за да останат шансите за првото место и директен пласман на Мундијалот.
Досега сме одиграле само два натпревари со Казахстан, и двата завршија со победа за нас, без примен гол.
Првиот дуел се одигра во 2021 година како пријателски меч, во рамките на подготовките за нашиот историски настап на Европското првенство. Тогаш го победивме Казахстан со 4-0, со головите на Алиоски, Тричковски, Милан Ристовски и Чурлинов.
Вториот натпревар беше во јуни оваа година, во тековниот квалификациски циклус, кога го победивме Казахстан на гостински терен со 0-1, а голот го постигна Александар Трајковски.
И покрај поразот, Казахстан покажа дека е сериозен противник – трипати ја погодија рамката, а Димитриевски имаше неколку важни интервенции.
Сепак, Македонија секогаш настапува одлучно против Казахстан, и се очекува традицијата да продолжи со уште една победа без примен гол и вечерва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП
