
Струга Трим Лум како лидер на табелата доаѓа во Скопје на дуел со Вардар во дерби натпреварот од деветтата рунда во Прва МФЛ. Ова е несомнено најголемиот дуел во ова коло, во кој стружани ќе се обидат да продолжат во ист стил како и на досегашните натпревари.
Христијан Малески се покажа како вистински „џокер“ за стружани оваа сезона, на осум натпревари постигна четири гола и забележа една асистенција, иако беше стартер само на еден меч. Тој беше најзаслужен за последната победа против Пелистер во Струга, кога за само 20 минути постигна два погодоци и го донесе триумфот.
Младиот напаѓач верува дека тимот на Струга Трим Лум може да оствари успех и на денешното дерби против Вардар.
„Имавме одлични тренинзи оваа недела, па сметам дека тимот е стопроцентно подготвен да го даде максимумот и на ова дерби. Ако ги реализираме на теренот барањата на тренерот, тогаш можеме да се надеваме на целосен плен и три бода“, вели Христијан Малески.
Тој ја потенцираше и одличната атмосфера во составот од почетокот на сезоната.
„Напорната работа и добрата атмосфера во екипата придонесоа да бидеме таму каде што сме моментално, на лкдерската позиција. Се надевам дека ќе останеме на врвот. Ме радува што и јас лично дадов мој придонес за овие резултати со голови и асистенции“, истакна Малески.
Натпреварот меѓу Вардар и Струга Трим Лум ќе се одигра од 15 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
