
Мејсон Маунт изјави по победата на неговиот Манчестер Јунајтед со 2-0 против Сандерленд во седмото коло од Премиер – лигата дека фудбалерите на „црвените ѓаволи“ стојат зад менаџерот Рубен Аморим.
„Го поддржуваме тренерот 100%. Последните резултати не беа охрабрувачки – ниту за тимот, ниту за стручниот штаб, ниту за навивачите, но денешната победа беше многу важна“, изјави Маунт по триумфот на Сандерленд.
Португалецот уште од почетокот на сезоната е едно од најспоменуваните имиња како фаворит за отказ, а дури се појави и кратка листа со имиња на тренери кои би можеле да го заменат.
Само 24 часа подоцна, сепак, се појавија информации дека самиот Џим Ретклиф изјавил дека лично стои зад менаџерот. Сега тоа беше потврдено и од играчите, кои веќе втора сезона во Англија не можат да врзат две последовни победи.
„Мислевме дека ќе започне нова ера по натпреварот со Челси, но потоа имавме разочарувачки резултат против Брентфорд. Ова сега е добар почеток и ќе работиме напорно за време на паузата. Сакаме да постигнеме две последовни победи, потоа три и да се бориме за место во првата четворка“, додаде Маунт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
