
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, не го криеше разочарувањето по поразот од Челси во дербито од Премиер – лигата. „Црвените“ загубија со 1-2 на „Стемфорд Бриџ“, што беше трет пораз по ред за шампионите во сите натпреварувања.
Домаќините поведоа рано со гол на Моисес Каиседо. Израмнувањето го донесе Коди Гакпо во средината на второто полувреме, но бодовите сепак останаа кај „сините“, откако Естевао погоди од непосредна близина во 96. минута.
„Уште еден разочарувачки пораз. Тоа е јасно. Уште еден натпревар сличен на тој со Кристал Палас, иако играта беше сосема поинаква, затоа што стиловите на двата тима се различни. Но, слично е по тоа што и против Палас, во првото полувреме не игравме најдобар фудбал, но сепак создадовме три големи шанси. Челси имаа само една и ја искористија, што беше различно од мечот со Палас, кога тие создадоа многу можности за гол во првиот дел.“
„Изведбата во второто полувреме, исто како и против Кристал Палас, ми се допадна. Создадовме повеќе од доволно шанси за да постигнеме повеќе од еден гол. Мислам дека имаше период од мечот кога почувствував дека можеме да победиме. Имавме многу шанси, како и ситуации кога имавме четворица против тројца играчи во наша корист, но не го одигравме добро последното додавање. Во последните 10 минути мечот беше отворен и двата тима можеа да победат. Ние не успеавме, но Челси успеа“, додаде стратегот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
