Интер конечно им донесе радост на своите навивачи во Серија А, откако во возбудлив дуел на „Џузепе Меаца“ го совлада Сасуоло со 2-1.
По два врзани порази, во кои беа примени дури десет голови, избраниците на Кристијан Киву вечерва покажаа поцврста игра и со трите бода успеаја да се искачат на десеттото место на табелата.
„Нероаѕурите“ ја отворија пресметката рано – уште во 14. минута преку Федерико Димарко. Публиката потоа долго чекаше на нова возбуда, сè до 81. минута кога Карлос Агусто со доза на среќа ја испрати топката во мрежата и го зголеми водството на 2-0.
Сепак, гостите не се предадоа – Чедира намали на 2-1 и врати неизвесност, но Сасуоло немаше сили за целосен пресврт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













