Љупче Дориев блеска во Узбекистан и ја игра најдобрата сезона во својата кариера. Напаѓачот на Согдиана е прв стрелец во шампионатот со 13 голови и пет асистенции, а денеска повторно се запиша во листата на стрелци. Во дуелот со Андижан, тој погоди во 88. минута за водство од 1-2, но неговиот тим до крајот прими гол и мечот заврши 2-2.
Голгетерски ден имаше и Лирим Ќамили. Македонскиот репрезентативец постигна погодок за Сондерјиске во Данска, носејќи предност од 0-2 против Вејле. Но, како и Согдиана, и неговиот тим не издржа до крај – домашните возвратија со два погодоци и натпреварот заврши без победник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













