Connect with us

Само бод за Атлетико од гостувањето кај Мајорка

Атлетико Мадрид никако не може да влезе во победничка серија. Тимот на Диего Симеоне одигра 1-1 на гостувањето кај Мајорка кое го заврши и со играч помалку поради исклучувањето на Александер Сорлот во 73.минута.

Конор Галагер постигна гол за водство во 79.минута, меѓутоа возврати Ведат Муричи во 85.минута и донесе бод за Мајорка. Атлетико може да жали за нереализираниот пенал на Хулијан Алварез во првото полувреме од дуелот.

По пет кола, Атлетико Мадрид се наоѓа на 12. позиција со само шест освоени бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови