
Жозе Мурињо го коментираше успешното деби на клупата на Бенфика, во кое „орлите“ славеа со класични 0-3 против Авеш во натпревар од португалското првенство.
„Ако ме прашате дали Порто е еден од најголемите клубови во светот, ќе кажам ‘да’. Дали Порто е гигант, исто така ќе кажам ‘да’. Не дојдов во Бенфика за да го провоцирам Порто, туку за да уживам во можноста да работам за голем клуб со големи амбиции. Се надевам дека нема да ми се налутат за тоа“, изјави Мурињо.
Очекувано, „Специјалниот“ беше запрашан и што очекува од идната средба со тимот на Порто, кој исто така го предводеше во еден дел од својата кариера.
„Откако пристигнав во Бенфика, разговарав со Вилјаш-Боаш и со претседателот на Спортинг, Варандес. Само затоа што станав тренер на Бенфика, не значи дека сум дошол тука за да се борам. Дали мислам дека повторно ќе добијам аплауз на ‘Драгао’? Се разбира дека не. Но Порто е многу важен дел од мојата историја, а јас сум дел од историјата на Порто“, додаде Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
