Connect with us

Мареска: Не смееме да добиеме црвен картон на „Олд Трафорд“ по три минути

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, изјави дека црвениот картон на Роберт Санчес ја променил средбата со Манчестер Јунајтед уште по само три минути игра. „Црвените ѓаволи“ славеа со 2-1 на „Олд Трафорд“.

„Црвениот картон го смени натпреварот уште по три минути. Потоа, со нивното исклучување и 10 на 10, мечот се смени за нас. Требаше да почнеме подобро. Тоа беше црвен картон. (Требаше да има) пенал за Жоао“, изјави Мареска.

„Тие напаѓаат со петмина играчи, затоа идејата беше да се браниме со петмина. Можеш да се браниш со четворица кога е 11 на 11“, продолжи менаџерот на Челси.

„Кол утрото направи тест за да може да игра на мечот. Не беше на 100%. Тоа беше фантастичен напор за клубот, за соиграчите, за тимот. За жал, не беше целосно подготвен. Мораме да почнеме подобро. Не смееме да добиеме црвен картон на ‘Олд Трафорд’ по три минути,“ додаде Италијанецот.

„Подобро е да губиш со 0-1 кога имаш уште 95 минути за игра, отколку да останеш со 10 играчи,“ заклучи Мареска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови