
Интер Мајами славеше со 3-2 на домашен терен против Ди Си Јунајтед во меч од регуларниот дел на сезоната во американската МЛС-лига.
Меси одигра фантастичен меч и беше вклучен во сите три гола на својот тим. Најпрво асистираше за Тадео Ајенде, кој погоди во 36. минута. Бентеке израмни за гостите во 53. минута, но во 66. минута Меси со гол, по додавање од Алба, повторно донесе предност за „чаплите“.
Пет минути подоцна Матео Силвети не реализираше пенал, но во 85. минута Меси уште еднаш се запиша во листата на стрелци, овојпат по асистенција од Бускетс. Во продолжението, во 97. минута, Џејком Мерел го постави конечниот резултат 3-2.
Со оваа победа фудбалерите на Интер Мајами направија значаен чекор кон директен пласман во плејофот и се искачија на петтото место во Источната конференција. Тие заостануваат осум бодови зад лидерот Филаделфија Јунион, но имаат одиграно три натпревари помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
