
Реал Мадрид продолжи со совршениот старт во Ла Лига. „Kралскиот клуб“ на „Сантијаго Бернабеу“ без поголеми маки го совлада Еспањол со 2-0 и по пет кола има максимални 15 бодови.
Дуелот на двете дотогаш непоразени екипи беше решен уште во првиот дел. Во 22. минута Едер Милитао приреди вистински спектакл – „проектил“ од повеќе од 30 метри заврши во горниот десен агол зад немоќниот Марко Дмитровиќ. Гол за антологија и кандидат за најубав погодок на сезоната.
На самиот старт од второто полувреме Реал ја затвори приказната. Винисиус по една соло акција од левата страна врати топка за Килијан Мбапе, кој со моќен удар од 25 метри ја продолжи својата голгетерска серија, за 2-0.
До крајот, „кралскиот клуб“ мирно го контролираше темпото, Винисиус ја погоди стативата, а Еспањол немаше сили ниту за една посериозна закана кон Куртоа.
Тимот на Чаби Алонсо изгледа освежено и офанзивно, со поголема улога за младите играчи. Мбапе блеска, Белингам се враќа, а Реал изгледа посериозно и поопасно од кога било. Еспањол пак, и покрај поразот, останува во горниот дел од табелата со солидни 10 бодови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
