Connect with us

Ливерпул го доби и градското дерби со Евертон (ВИДЕО)

Ливерпул со многу мака славеше во градското дерби против Евертон (2-1) во петтото коло од Премиер лигата.

„Црвените“ тргнаа моќно – Гравенберг уште во раната фаза погоди за водство, а Екитике во 29. минута ја зголеми предноста на 2-0. Се чинеше дека шампионот рутински ќе стигне до победа, но продолжението донесе поинаква слика.

Геје ја искористи одличната акција на Грилиш и Ндијае и во 58. минута намали на 2-1, внесувајќи неизвесност во натпреварот. Летаргичниот Ливерпул мораше да реагира, па Арне Слот со тројна измена – Џонс, Вирц и Исак – го освежи тимот.

Во последните десет минути домаќинот се бранеше со минимална предност, а „карамелите“ ја бараа својата шанса за бод. Сепак, енергијата на Евертон се истроши, па Мојес и неговите избраници мораа да се помират со тесен пораз на „Енфилд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови