Европската фудбалска федерација (УЕФА) во вторник ќе гласа за евентуално исклучување на израелската репрезентација и клубови од меѓународните натпреварувања. Според израелските медиуми, големо мнозинство од членките е подготвено да ја поддржи таа одлука.
Фудбалот во Израел со страв го очекува исходот, бидејќи можното исфрлање од европските натпреварувања се поврзува со обвинувањата за геноцид во Газа. Како што пренесува порталот „Israelhayom“, силен притисок за санкции доаѓа од Катар по последните политички настани и нападот врз Доха.
Истиот извор наведува дека само две до три земји отворено се противат на исклучувањето, додека останатите членки наводно ќе гласаат „за“.
Израелската фудбалска федерација во меѓувреме вложува големи дипломатски и спортски напори да спречи гласање, бидејќи, според проценките, доколку дојде до тоа – исходот ќе биде неизбежен: Израел ќе биде исфрлен од европските натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













