Незадоволството од Манчестер Јунајтед продолжува и оваа сезона. Огромните очекувања повторно не се поклопуваат со резултатите, а критиките сè повеќе се насочени кон менаџерот Рубен Аморим.
Иако со Спортинг остави одличен впечаток, и тој – како и сите претходници по ерата на сер Алекс Фергусон – се соочува со сериозни предизвици на „Олд Трафорд“. Најмногу му се замерува тврдоглавоста околу формацијата 3-4-2-1.
„Не, не, не! Никој не може да ме натера да ја сменам формацијата. Никој. Дури ни Папата. Тоа е моја одлука, моја одговорност, мој живот. Затоа нема да ја променам“, изјави Аморим.
По поразот од Манчестер Сити во дербито, тој имал и средба со сопственикот сер Џим Ретклиф.
Наредниот тест за „црвените ѓаволи“ е денеска на „Олд Трафорд“, каде од 18:30 часот ќе го пречекаат Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













