Спортскиот директор на Барселона, Деко, откри дека разговорите за нов договор со Френки де Јонг се во завршна фаза. Холандскиот репрезентативец е клучен дел од тактичката визија на тренерот Ханси Флик, па не е изненадување што каталонците сакаат да го задржат уште долго на „Камп Ноу“.
„Преговараме со Френки и убеден сум дека ќе постигнеме договор. Тој е многу важен играч за нас, а верувам дека е среќен во Барселона. И ние сме задоволни од него, така што не очекувам никакви проблеми“, изјави Деко за бразилските медиуми.
Де Јонг, кој има 28 години, е врзан со актуелен договор до летото 2026 година. Во новата сезона досега настапи на три натпревари во сите конкуренции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













