Connect with us

Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Летниот трансфер-период заврши неодамна, но многу клубови веќе се подготвуваат за следното лето, кога на пазарот ќе се појават неколку многу интересни слободни агенти. Еден од активните клубови е и Јувентус, кој го насочи своето внимание кон играчот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва.

Во ерата на Џузепе Марота како спортски директор, торинскиот клуб беше познат по тоа што често знаеше да доведе играчи без обештетување, кои подоцна стануваа клучни фигури во успехот на „старата дама“. Андреа Пирло, Пол Погба, Сами Кедира, Кингсли Коман, Фернандо Љоренте… се дел од имињата што пристигнаа бесплатно во редовите на „бјанконерите“ и оставија длабок белег во клубот. Сега, италијанскиот гигант се надева на сличен начин да го ангажира и Бернардо Силва.

Договорот на Португалецот со Манчестер Сити истекува следното лето, а според „Тутоспорт“ постои мала веројатност да биде обновен. Јувентус сака да ја искористи оваа ситуација и веќе стапил во контакт со неговите претставници, на кои им било пренесено дека го гледаат Силва како еден од клучните играчи во новиот проект.

„Старата дама“ бара фудбалер кој со својот квалитет и искуство ќе може да се наметне како лидер на тимот, а Бернардо Силва во последните осум години во Манчестер Сити покажа дека е играч што прави разлика на највисоко ниво.


Во дресот на „граѓаните“ тој има 411 натпревари, 72 погодоци и 74 асистенции, и беше еден од клучните фудбалери на тимот на Пеп Гвардиола во освојувањето на шест титули во Премиер – лигата, Лигата на шампионите, две ФА Куп-титули и четири Лига Куп трофеи во Англија.

На сличен начин гигантот од Торино може да го напушти Душан Влаховиќ, за кого сериозен интерес покажуваат три европски гиганти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови