
Фудбалскиот сојуз на Црна Гора официјално го објави назначувањето на легендата Мирко Вучиниќ за нов селектор на националниот тим. Тој на клупата ќе го замени разрешениот Роберт Просинечки, на кого досега му беше асистент.
„Нашата почва отсекогаш била плодна за мајстори, а тој припаѓа рамо до рамо со нив, со најголемите – планината Рашмор на црногорскиот фудбал. Ја освои Италија како момче во Лече, како соиграч на Принцот на Рим во Рома и како дел од хегемонијата на Јувентус. А во националниот тим? Првиот гол на ‘храбрите соколи’ во историјата е негов. Па оној гол на ‘Виа дел Маре’ против актуелните светски шампиони, или оној со кој ги урна ‘змејовите’ од Велс, или можеби оној со кој ги збуни секогаш прецизните Швајцарци. Со него на терен сонувавме и никогаш не се плашевме од противникот пред нас. Нова улога во момент кога расте нова генерација мајстори, кои го гледале и пораснале со приказните и легендите за него. Нашиот прв капитен. Нашиот мајстор. Нашиот селектор. Нашиот… МИРКО ВУЧИНИЌ!“, стои во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
За време на својата фудбалска кариера, 41-годишниот стратег најмногу играше во Италија, каде што запиша над 400 настапи со дресовите на Лече, Рома и Јувентус, а негов последен клуб беше Ал-Џазира од ОАЕ.
За националниот тим на Црна Гора, поранешниот напаѓач одигра 46 натпревари со 17 погодоци и шест асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
