Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го сокри своето разочарување по поразот од 0-2 против Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Тој изјави дека црвениот картон на Џовани Ди Лоренцо во 20-тата минута целосно го променил текот на натпреварот и е уверен дека без тој момент неговиот тим ќе пружеше многу посилен отпор.
„Сите останавме со горчлив вкус во устата, затоа што е разочарувачки. Го подготвивме мечот на начинот на кој игравме во првите 20 минути, а тој црвен картон го уништи дуелот. Не сакам да кажам дали одлуката беше исправна или не, бидејќи не ја видов ситуацијата, но и онака е доволно тешко да играш против Манчестер Сити – 11 на 11. Видов добар пристап од моите момци и мислам дека на Сити ќе им беше навистина тешко против нас. По тоа што се случи, момците добро се справија, издржувајќи додека можат. И онака е тешко, но ако си со 10 играчи околу 75-80 минути, вклучувајќи го судиското надополнување, станува невозможно“, изјави Конте.
Како последица на тој црвен картон, Конте беше приморан уште во 26. минута да го извади Кевин де Бруин од игра.
„Понекогаш судбината знае да биде сурова. Минатата сезона имавме само еден црвен картон во Серија А. Сега добивме таков уште по 20 минути. Да го повлечам Де Бруине беше единственото решение во тој момент.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













