Наполи со човек помалку немаше сили да издржи на „Итихад“ и загуби од Манчестер Сити со 2-0. Италијанскиот шампион тргна со амбиции за голем резултат, но пресуден момент се случи уште во 21. минута. Капитенот Џовани Ди Лоренцо со лизгачки старт го сопре Ерлинг Халанд на пат кон голот, а судијата веднаш му покажа директен црвен картон.
Овој потег ја смени целата слика на натпреварот – тренерот Антонио Конте беше приморан тактички да го повлече Кевин Де Бруин и да го консолидира тимот. Наполи издржа до полувремето без да прими гол, но во второто полувреме „граѓаните“ ја покажаа својата сила.
Најпрво Халанд го отвори резултатот, а потоа Џереми Доку со прецизен удар ја удвои предноста. Конте се обиде со свежи сили, па му даде шанса и на Елиф Елмас во последните 20 минути, но резултатот остана непроменет.
Сити заслужено славеше со 2-0 и ја продолжи својата доминација на европската сцена, додека Наполи остана со горчлив вкус поради раниот црвен картон кој ја одреди судбината на мечот.
Барселона оствари голема победа на „Сент Џејмс Парк“, совладувајќи го Њукасл со 1-2. Каталонците беа подобриот тим во првиот дел, диктираа темпо и создаваа прилики, но голови немаше. Сцената во второто полувреме ја украде Маркус Рашфорд – прво погоди во 58. минута за водство, а потоа набрзо го зголеми резултатот на 0-2. „Чавките“ ја вратија надежта преку Ентони Гордон во 90. минута, но времето не беше нивен сојузник и мораа да се помират со поразот.
Ајнтрахт Франкфурт одигра фуриозен натпревар и го декласира Галатасарај со убедливи 5-1. Иако Турците поведоа преку Акгун, тоа само го разгневи бундеслигашот – Санчез, Узун и Буркарт се погрижија до полувреме резултатот да биде пресвртнат во 3-1. Во вториот дел Буркарт вторпат се запиша во листата на стрелци, а Кнауф го заокружи триумфот со „петарда“.
Успешна вечер имаше и Спортинг Лисабон, кој на домашен терен славеше со 4-1 против Каират Алмати и на најдобар можен начин ја започна европската кампања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













