
Во Англија веќе кружат шпекулации дека Вест Хем би можел да направи тренерска смена. Наместо Грем Потер, кормилото на тимот би можел да го преземе Френк Лампард. Причината е слабата форма на „чеканите“ на стартот од сезоната, што го натера раководството сериозно да ја разгледува оваа опција.
Лампард моментно е стратег на Ковентри, клуб од Чемпионшип, кој под негово водство минатата сезона успеа да се пробие до петтата позиција и значително да го подобри својот пласман. Иако е задоволен од моменталната работа, враќањето во Премиер – лигата преку клупата на Вест Хем би можело да биде примамлива можност.
Вест Хем по четири одиграни кола има само три бода и се наоѓа на 18. место, додека Потер е на клупата од јануари оваа година.
Интересно е што токму Вест Хем е клубот во кој Лампард ги направи своите први чекори во Премиер – лигата уште во 1996 година. За „чеканите“ одигра 187 натпревари пред да се пресели во Челси во 2001 година, каде што ја изгради својата легендарна играчка кариера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
