Connect with us

Мурињо со шал на новиот клуб: Има ли тренер што ќе ја одбие Бенфика? Јас не сум тој (ВИДЕО)

Само неколку дена откако ја заврши својата епизода во Фенербахче, тој започна нова во својата Португалија. Жозе Мурињо ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на Бенфика, а тоа наскоро ќе биде и официјално потврдено.

Тој самиот го потврди тоа по пристигнувањето во Португалија.

„Кој е тој тренер што ќе каже не на Бенфика? Јас не сум.“

Покрај тоа, тој беше забележан со шалот на новиот клуб околу вратот.

Бруно Лаж доби отказ од раководството на Бенфика откако беше поразен од Карабах (2-3) на домашен терен по голем пресврт. Португалскиот тим водеше со 2-0, а на крај загуби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови