Connect with us

Невидени сцени во авионот на Монако на патувањето во ЛШ: Мораа да се соблечат по гаќи поради дефект на климатизацијата (ВИДЕО)

Патувањето на фудбалерите на Монако на натпреварот од Лигата на шампионите против Клуб Бриж се претвори во хаос поради дефект на климатизацијата во авионот.

Имено, во кабината настанала неподнослива жештина, па играчите морале да се соблекуваат до долна облека и се обидувале да се разладат мавтајќи со облека.

Несекојдневните сцени ги снимил Жордан Тезе и ги објавил на „Снепчет“, а на снимките неговите соиграчи изгледале како да се наоѓаат во сауна.

По излегувањето од авионот, дел од екипата биле видени полуоблечени на пистата, а летот на крајот бил откажан.

Фудбалерите се вратија дома, а беше одлучено за Белгија да тргнат дури на денот на натпреварот.

Тренерот Ади Хитер порача дека безбедноста е пред сè, па во договор со управата била донесена одлука за одложување на патувањето.

И покрај непријатностите, тој е уверен дека неговиот тим подготвено ќе ја отвори европската сезона.

Клуб Бриж и Монако натпреварот ќе го играат денеска, со почеток од 18:45 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови