Ливерпул приреди вистинска драма на „Енфилд“ и со гол во судиското надополнување славеше над Атлетико Мадрид со 3-2. Херој на „црвените“ беше капитенот на одбраната, Вирџил ван Дајк, кој во 92. минута ја донесе победата на својот тим.
Екипата на Арне Слот започна фуриозно и уште во првите шест минути постигна два гола преку Енди Робертсон и Мохамед Салах. Сепак, Атлетико не се предаде – пред крајот на првото полувреме Маркос Љоренте намали на 2-1 и врати надеж.
Во второто полувреме Ливерпул продолжи со офанзива и создаде неколку добри прилики, но без реализација. Казната стигна во 81. минута, кога Љоренте повторно погоди и донесе 2-2.
„Црвените“ тргнаа по сè или ништо во финишот, а наградата дојде во 92. минута – Доминик Собослај упати прецизен центаршут, а Ван Дајк со удар со глава ја затресе мрежата за конечни 3-2 и голема победа на Ливерпул.
На „Алијанц Арена“, Баварците беа подобри од Челси и славеа со 3-1. Тимот на Винсан Компани стигна до двојна предност уште во првиот половина час – автогол на Тревор Чалоба и пенал реализиран од Хари Кејн. „Сините“ возвратија преку Кол Палмер, но во второто полувреме повторно Кејн ја реши дилемата со втор погодок. Баерн ја контролираше играта до крај и ги освои првите три бода во групата.
Пари Сен Жермен пак, немаше проблеми против Аталанта и славеше со убедливи 4-0 на „Паркот на принцовите“. Маркињос отвори уште во третата минута, а Квича Кварацкелија зголеми на 2-0 пред паузата. Во второто полувреме Нуно Мендеш се запиша во листата на стрелците, а точка на победата стави Гонсало Рамош. Екипата на Луис Енрике со стил ја започна својата европска кампања.
Интер ја започна сезоната на најдобар можен начин, славејќи на гостувањето кај Ајакс со 0-2.
Херои на „нероаѕурите“ беа Маркус Турам и Хакан Чалханоглу, кои беа креатори на двата гола. Интер доминираше во првиот дел, а иницијативата ја круниса во 42. минута, кога Турам со глава ја затресе мрежата по корнерот на Чалханоглу. На одмор Италијанците заминаа со минимално водство.
Веднаш на стартот од второто полувреме, сценариото повторно беше исто: Чалханоглу испрати прецизна топка од прекин, а Турам повторно највисоко скокна и го совлада голманот Јарош за 0-2.
Во продолжение тимот на Кристијан Киву без проблеми го контролираше натпреварот, притоа создавајќи уште неколку шанси за поубедлив резултат. На крајот, заслужената победа од 0-2 донесе три значајни бода за Интер на отворањето од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













