Connect with us

Бодо/Глимт и Пафос останаа непоразени на стартот на ЛШ (ВИДЕО)

Славија Прага ја испушти шансата за прва победа во Лигата на шампионите и одигра 2-2 против Бодо/Глимт. Норвежаните беа во негатива сè до 90. минута, но успеаја да освојат бод на гостувањето кај чешкиот шампион.

Јусуфа Ембоџи блескаше во дресот на домаќините, постигна по еден гол во двете полувремиња, а Лукас Провод се истакна со две асистенции. Гостите во второто полувреме нападнаа, упатија седум удари во рамките на голот, а нивниот притисок се исплатеше во периодот меѓу 78. и 90. минута.

Прво Даниел Баси намали на 2-1, а конечниот резултат 2-2 го постави Сондре Фет.

Олимпијакос и Пафос одиграа натпревар без голови (0-0). Тимот од Кипар се избори за херојско реми, иако од 26. минута играше со човек помалку поради исклучувањето на Бразилецот Бруно.
Во самиот финиш Олимпијакос пропушти две убави шанси за триумф, но на крајот мораше да се задоволи со еден бод.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови