Рубен Аморим има рок до следната репрезентативна пауза, која следува на почетокот на октомври, за конечно да ги испорача посакуваните резултати со Манчестер Јунајтед. Во спротивно, според британските медиуми, блиску е да добие отказ.
Иако резултатите се слаби, неговата позиција досега не беше сериозно доведена во прашање поради силната поддршка што ја има од Џим Ретклиф, најголемиот поединечен акционер на клубот и главен одговорен за фудбалските операции. Ретклиф неколку пати истакна дека португалскиот стратег е долгорочно решение и дека токму тој ќе го врати клубот на патеката на успехот.
Сепак, медиумите потсетуваат дека слична ситуација имаше и лани со Ерик тен Хаг, кој доби отказ по само девет натпревари во новата сезона.
Пристигнувањето на скапите напаѓачи, Бењамин Шешко, Брајан Мбеумо и Матеус Куња, требаше да донесе пресврт, но по четири кола Јунајтед е само на 14. место во Премиер – лигата со четири освоени бода. Ситуацијата дополнително ја влоши и убедливиот пораз од 0-3 во градското дерби против Манчестер Сити.
Пред „црвените ѓаволи“ сега следуваат три клучни натпревари. Во сабота на „Олд Трафорд“ го пречекуваат Челси, потоа гостуваат кај Брентфорд, а на 4 октомври на домашен терен играат против Сандерленд, новиот тим во Премиер – лигата. Овие дуели би можеле да ја одредат иднината на Аморим.
Во меѓувреме, медиумите во Англија веќе шпекулираат за можните наследници. На списокот се менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, поранешниот селектор на Англија Герет Саутгејт, стратегот на Фулам, Марко Силва, актуелниот стратег на Борнмут, Андони Ираола, како и Унаи Емери од Астон Вила.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













