Роберт Просинечки веќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора, а веќе е познато и кој би можел да го наследи на оваа позиција.
Просинечки беше назначен за селектор во февруари минатата година. Сепак, поради слабите резултати во последниот период, неговото заминување стана очекувано, а денес тоа и официјално се случи, јавува „Спортклуб“.
Според истиот извор, наследник на популарниот „Роби“ ќе биде легендата на црногорскиот фудбал, Мирко Вучиниќ.
Како играч, Вучиниќ одигра 46 натпревари за репрезентацијата на Црна Гора и постигна 17 голови. Сега го очекува предизвикот да ја води националната селекција од клупата.
Наредниот испит за Црна Гора и новиот селектор ќе биде натпреварот против Фарски Острови во октомврискиот репрезентативен циклус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













