Ливерпул и Атлетико Мадрид ќе се соочат еден против друг во првото коло од главната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Натпреварот ќе се одигра на легендарниот „Енфилд“ од 21 часот, а главен судија ќе биде Италијанецот Маурицио Маријани.
Ова е првиот дуел меѓу двата гиганта во новиот формат на најпрестижното европско клупско натпреварување, што му дава особена тежина за нивните стартни позиции.
Натпреварот е од огромно значење за добивање на инерција во самиот почеток, особено со оглед на новите правила на турнирот. Секој освоен поен ќе биде клучен за пласман во следната фаза, па и двата тима ќе ја бркаат победата.
Дуелот на „Енфилд“ ќе биде вистински тест за двата тима. Арне Слот верува дека Ливерпул може да продолжи со победнички ритам и во елитното натпреварување, иако јасно е дека тимот сѐ уште не функционира според неговите желби, затоа што му е потребен и период за воигрување на новите засилувања.
„Јорганџиите“ имаат проблеми со повреди и нема да сметаат на Кардосо, Хулијан Алварес, Баена, Хименес и Алмада. Диего Симеоне е пред нов голем предизвик, но дефинитивно на неговиот состав нема да му недостига борбен карактер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













