Барселона ќе патува во Њукасл без својата голема ѕвезда Ламин Јамал. Тоа стана јасно откако каталонците официјално ја објавија групата за утрешниот прв натпревар во Лигата на шампионите.
Големиот талент на Барса го пропушти и убедливиот триумф со 6-0 над Валенсија за време на викендот.
Болките на Јамал во пределот на грбот се засилија особено по квалификациите за Светското првенство со репрезентацијата на Шпанија против Бугарија и Турција, во кои „црвената фурија“ запиша сигурни победи.
Многу е веројатно Јамал да ги пропушти и натпреварите со Хетафе во недела во Ла Лига, како и гостувањето кај Овиедо следниот четврток.
Добрата вест за Ханси Флик е враќањето на Френки де Јонг во составот за дуелот со Њукасл. Во групата логично не се најдоа подолго повредените Марк-Андре тер Штеген, Гави и Алехандро Балде.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













