
Пелистер доживеа тежок пораз на домашен терен од Арсими (0-4), а тренерот Димитар Капинковски по натпреварот не го криеше разочарувањето од играта на својот тим.
Навивачите на битолчани беа сведоци на едно од најслабите изданија на нивните миленици, особено во второто полувреме кога „зелено-белите“ примија лесни голови кои ја решија судбината на натпреварот.
„Арсими е сериозен противник, вложија многу во тимот и тоа се гледа. Пред стартот на првенството реков дека секој може да победи секого. Во првото полувреме имавме неколку стопроцентни шанси, но не ги искористивме. Потоа, примивме наивни голови и тоа не смее да се повторува“. истакна Капинковски.
Тој додаде дека нема оправдување за ваквиот пад во играта.
„Мора да направиме детална анализа и да ги исправиме грешките. Немаме голем ростер, но тоа не смее да биде алиби. Проблемите ќе ги бараме во нашите редови и верувам дека ќе излеземе посилни од оваа ситуација“, заврши стратегот на Пелистер.
По пет кола во Првата македонска фудбалска лига, Пелистер има шест бодови, а следниот предизвик го очекува во Скопје против Работнички в четврток.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
