
Работата на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед сè повеќе изгледа како неуспешен експеримент. Поразот од 0-3 во градското дерби против Сити не е само тежок удар за „црвените ѓаволи“, туку и нов доказ дека проектот со Португалецот е далеку од очекуваното.
Аморим го презеде тимот на 24 ноември 2024 година и оттогаш до денес има водено 31 натпревар во Премиер – лигата. Но бројките се немилосрдни – само 8 победи, негативна гол-разлика од -13 и вкупно 31 освоен бод. Ако се споредат сите 17 клуба кои во тој период настапуваат во елитата, Јунајтед е последен на табелата.

Дури и Тотенхем, кој е во криза и е честа мета на критики, има ист број бодови (31), но со значително подобра гол-разлика (-4). Пред нив се наоѓаат екипи кои ретко имаат амбиции за врвот, како Фулам, Вулверхемптон и Вест Хем.
На другата страна од табелата, Ливерпул ја оправдува својата титула од минатата сезона и е убедливо прв со 68 бодови, следен од Арсенал (64) и Челси (58).
Јасно е, Рубен Аморим и неговиот Јунајтед мораат брзо да најдат излез од кризата, или довербата во проектот ќе исчезне сосема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
