Македонската фудбалска репрезентација во октомври ја очекува можеби и најважната пресметка во квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.
Белгија, противникот на „црвено-жолтите“, во пресрет на овој дуел се соочува со проблеми со повреди.
Белгијците ќе бидат без својот капитен Јури Тилеманс. Фудбалерот за врска на Астон Вила изминатиов викенд заработил повреда на мускулот поради која ќе мора да паузира најмалку еден месец. Со оглед дека мечот меѓу Белгија и Македонија во Гент е закажан за 10 октомври, речиси сигурно е дека Тилеманс нема да учествува на овој дуел.
Белгија претходно остана без својот голгетер Ромелу Лукаку, кој е отпишан до крајот на циклусот, а сè посигурно е дека селекторот Руди Гарсија нема да може да смета ниту на искусниот десен бек Томас Муние.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













