Connect with us

Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Рубен Аморим не го криеше разочарувањето по поразот од 0-3 што Манчестер Јунајтед го претрпе во градското дерби со Манчестер Сити. Ова беше негов прв пораз во дербито откако минатата есен седна на клупата на „црвените ѓаволи“, а воедно и крај на четиримечната непобедлива серија на Јунајтед против „граѓаните“ во сите натпреварувања.

„Ова беше најголемата разлика. Најголемата разлика“, ја започна изјавата Аморим.

Ова е и второ дерби по ред во кое Јунајтед не успеа да постигне гол – пролетниот дуел заврши 0-0.

„Можевме да реагираме подобро, особено кај вториот гол. Примивме голови што можеа да се избегнат“, додаде Португалецот.

Тој нагласи дека Сити бил поефикасен и покрај тоа што имал помал посед на топката.

„Најголемата разлика беше тоа што кога ние имавме транзиции, не реализиравме. Во второто полувреме тие беа подобри во тие моменти и ние страдавме. Можеме многу подобро, тоа е јасно. Кај третиот гол недостасуваше квалитет во координацијата – играчите не знаеја кој да излезе на топката, а противникот остана слободен за погодок. При првиот гол тој беше меѓу четворица наши играчи и требаше да бидеме поагресивни“, анализираше Аморим.

Португалецот испрати и порака до навивачите:


„Ќе направам сè што можам за Манчестер Јунајтед. Страдам повеќе од нив. Нема да ја сменам мојата филозофија. Ако некој сака промена, тогаш ќе треба да го сменат човекот“, изјави стратегот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови