
Арне Слот беше задоволен, но и искрено исцрпен по завршувањето на новата драматична победа на Ливерпул во Премиер – лигата. Англиските шампиони на гости кај новајлијата Барнли триумфираа со минимални 0-1, благодарение на голот на Мохамед Салах од пенал во петтата минута од судиското продолжение.
„Честитки за Барнли за начинот на кој се бранеа. Тешко беше да најдеме простор. Неколку пати бевме блиску до погодок, а доколку постигневме гол порано, можеби натпреварот ќе се отвораше поинаку. Но, не го направивме тоа и затоа моравме да се бориме до самиот крај. Колку повеќе притискавме, толку повеќе се приближувавме до целта, и во последните минути ја добивме наградата“, изјави Арне Слот.
Тој истакна и колку е тешко да се создадат шанси против екипа која со сите сили се брани.
„Кога играш 95 минути во нивниот шеснаесетник, логично е дека во еден момент топката ќе падне како што сакаш. Но беше тешко, затоа што таму имаше 11 играчи. Ни требаше малку среќа или момент на магија. Таа среќа ја имавме кога играч на Барнли ја допре топката со рака во шеснаесетникот“, додаде стратегот.
Ова е четврта последовна победа на Ливерпул во првенството, што уште повеќе ќе ја зајакне самодовербата на тимот. Веќе во среда, на 17 септември, „црвените“ на „Енфилд“ ќе го дочекаат Атлетико Мадрид во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
„Бев шокиран кога видов дека судијата покажа пет минути продолжение – тоа ми изгледаше неверојатно. Но на крајот бев среќен, затоа што Мо постигна гол. Тешки натпревари, но таква е Премиер – лигата, особено ако не постигнеш гол рано. Повторно не примивме погодок и тоа е голем плус. Ќе стануваме сè подобри, а меѓувремено веќе имаме 12 бода“, заврши Слот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
