Connect with us

Ди Марија даде гол директно од корнер против Бока Јуниорс (ВИДЕО)

Росарио Централ и Бока Јуниорс одиграа 1-1 во меч од аргентинската лига. Гостите го отворија резултатот со голот на Родриго Батаља во 20. минута, а домаќините израмнија само четири минути подоцна кога Анхел Ди Марија постигна спектакуларен гол директно од корнер.

Ди Марија и претходно во кариерата има давано вакви погодоци. Неговиот претходен гол од корнер беше во дресот на Бенфика во 13 декември 2023 година против Салцбург во Лигата на шампионите.

Кога играше за ПСЖ, Ди Марија двапати даваше гол на ваков начин во мечеви против Ним во француската лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови