Тетекс на домашен терен на Градскиот стадион во Тетово стигна до триумф против Слога Виница со резултат 2-0, во претпоследниот натпревар од ова коло во ВМФЛ.
Гостите од Виница успешно одолеа до средината на второто полувреме, кога Салији Меритон во 65. минута со удар од околу 40 метри ја искористи несигурноста на голманот и го отвори резултатот.
Во самиот финиш, во 95. минута, Даути Даут ја потврди победата на „штофарите“ со втор гол.
За Тетекс ова беше второ славје по четири одиграни натпревари во првенството, а колото ќе биде затворено вечерва во Струмица со дуелот меѓу Брегалница и Детонит Плачковица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













