
Нотингем Форест ја објави разделбата со својот менаџер Нуно Еспирито Санто. Веста беше соопштена на профилот на клубот од градот на Робин Худ на социјалната мрежа „Х“, а во позадина на шпекулациите од последните недели дека Санто и претседателот на Форест, Евангелос Маринакис, ги влошиле меѓусебните односи. Интересно е што по завршувањето на сезоната во Премиер – лигата, менаџерот потпиша нов тригодишен договор до 2028 година.
„Фудбалскиот клуб Нотингем Форест потврдува дека, по најновите околности, Нуно Еспирито Санто денес е ослободен од своите обврски како прв тренер. Клубот му се заблагодарува на Нуно за неговиот придонес за време на многу успешниот период на „Сити Граунд“, особено за неговата улога во сезоната 2024/25, која засекогаш со љубов ќе остане запаметена во историјата на клубот.
Како човек кој одигра клучна улога во нашиот успех минатата сезона, тој секогаш ќе има посебно место во нашето патување“, пишува на профилот на клубот на „Х“.
Нотингем Форест ја имаше најсилната од трите сезони по враќањето во Премиер – лигата токму под водство на Нуно Еспирито Санто, а тимот до последен момент имаше шанса да се пласира во Лигата на шампиони. Падот на формата, сепак, го спушти клубот на шестото место, што првично требаше да го прати во Лигата на конференции. Но, поради судир на интереси, освојувачот на ФА Купот, Кристал Палас, беше исклучен од вториот по сила турнир под капата на УЕФА, а таму беше пренасочен токму Форест.
На тој начин Санто нема да може да го изведе својот тим во ниту еден натпревар од главната фаза на Лига Европа, иако неговиот веќе поранешен клуб немаше настапувано во европските клупски натпревари од 1996 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” агол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
