Шкендија е во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Историски резултат за клубот, но и за македонскиот фудбал во целина. Ова носи веќе обезбеден пласман во групите од Конференциската лига, но Шкендија може да сонува со отворени очи и да бара многу повеќе од оваа европска сезона.
Веќе следната седмица во Скопје доаѓа Карабах, шампионот на Азербејџан, а ако и него го елиминира, тогаш за Шкендија само небото е граница.
Тренерот Јетон Беќири вели дека вербата во својот квалитет беше клучен елемент.
„Можеби и не сме свесни што направивме, каков е овој успех што го постигнавме. А го остваривме затоа што имавме верба дека можеме да ја оствариме нашата голема цел. Честитки за фудбалерите, за сите останати во клубот, за спонзорот, мислам дека ова е една голема награда за сите, за напорната работа и еден подарок за навивачите. Навистина не беше лесно да се елиминира ФЦСБ, и тоа со две победи. Радосни сме, не криеме, но, нема да застанеме тука. Нѐ очекуваат уште искушенија во Европа оваа сезона, и верувам дека можеме да бидеме уште подобри“, изјави Јетон Беќири на прес-конференцијата по големиот триумф над романскиот првак ФЦСБ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













