Галатасарај испратил нова, подобрена понуда до Наполи за напаѓачот Виктор Осимен. И оваа понуда изнесува 75 милиони евра, колку што е и откупната клаузула на напаѓачот, но турскиот клуб не е во можност да ја плати целата сума одеднаш, па нуди да ја исплати преку рати.
Новото предлог-решение е износот да се подмири во рок од три години. Претходната понуда на Галатасарај беше отплатата да се одвива во период од пет години, но Наполи ја одби таа опција.
Во турскиот клуб сметаат дека ова е најдобрата можна понуда што можат да ја достават, и покрај тоа што Наполи претпочита целосната сума да биде исплатена веднаш. Сепак, поради околностите, италијанскиот клуб ќе биде принуден сериозно да го разгледа предлогот.
Дополнителен притисок за Наполи претставува и ставот на Осимен, кој јасно изразил желба да биде откупен токму од Галатасарај. Минатата сезона тој настапуваше за турскиот клуб како позајмен играч и постигна импресивни 37 голови на 41 натпревар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













