Манчестер Јунајтед доби сериозен удар во подготовките за новата сезона откако нивниот прв голман Андре Онана се здоби со повреда на бутниот мускул. Неговото учество на претсезонските натпревари, вклучително и на турнејата во САД, е целосно исклучено, а очекуваното време за опоравување е од 7 до 8 недели.
Онана се здобил со повредата по враќањето на тренинзите во „Карингтон“. Во овој период тој сигурно ќе ги пропушти пријателските натпревари, како и дуелите против Вест Хем, Борнмут и Евертон, а постои и ризик да не биде подготвен за првиот натпревар од Премиер – лигата против Арсенал на 17 август.
Поради ова, Јунајтед и менаџерот Рубен Аморим ќе мора да ги ревидираат плановите за голманската позиција. Се разгледуваат повеќе опции, меѓу кои и краткорочно ангажирање на нов чувар на мрежата. Меѓу потенцијалните имиња што се споменуваат се Емилијано Мартинез, Џон од Ботафого и Сене Ламенс од Антверпен, иако финансиските разлики би можеле да ја отежнат реализацијата на некоја од овие зделки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













