Connect with us

Баер Леверкузен го претстави наследникот на Флоријан Вирц

Баер Леверкузен официјално го претстави офанзивниот играч за врска Малик Тилман. 23-годишниот американски репрезентативец пристигна од ПСВ Ајндховен, откако „аспирините“ ја активираа откупната клаузула во неговиот договор во висина од 35 милиони евра.

Тилман потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен и ќе биде замена за Флоријан Вирц, кој беше продаден на Ливерпул.

Малик Тилман е роден во Нирнберг и е дете на академијата на Баерн Минхен. Во ПСВ прејде пред две години, прво како позајмен играч, а подоцна беше целосно откупен. Исто така има настапувано и за шкотскиот Глазгов Ренџерс.

За репрезентацијата на САД има одиграно 25 натпревари и постигнато три гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови